ПЛАТИ СМЕТКА БРЗО И ЛЕСНО

Во просториите на „ЈП Колекторски систем“ подружница Охрид во тек е изградба на Наплатен пункт за брзо и ефикасно плаќање на фактурите за одведување и третман на отпадни води за месец Јануари 2021 година, како и за прием на граѓаните и нивно директно информирање за сите новонастанати ситуации.

Се додека Наплатниот пункт во подружница Охрид не отпочне со работа, за што јавноста навремено ќе биде информирана, се известуваат  корисниците на услуги на Охрид и Струга своите обврски да ги подмируваат вирмански преку банка или пошта на жиро сметките наведени на самите фактури или во просториите на ЈП Колекторски систем – подружница Охрид.

Висината на надоместокот за одведување и прочистување на урбани и отпадни води е определена врз основа на Одлуката бр. 02-409/2 од 06.10.2020 година од Управниот Одбор на ЈП Колекторски систем за утврдување на тарифа за третман на отпадни води на ЈП Колекторски систем и Одлуката бр. 02-525/1 од 11.12.2020 од Владата на Република Северна Македонија за давање на согласност на Одлуката за утрврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на ЈП Колекторски систем Скопје.

Доколку не се изврши плаќањето во наведениот рок се пресметува законска затезна камата.