welcome to our company КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ За нас СТАНИЦА ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ од 1985-87 Повеќе

ВОВЕД

Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Северна Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Северна Македонија и Албанија.

Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО.

Езерото покрива површина од 358,2 км2 и се протега во должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км. Неговата длабочина достигнува до 289 м. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 км3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 м), а на запад со Јабланица (2257 м).

Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна – од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км.

Потеклото на Охридското Езеро, гледано како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години и како такво е најстаро во Европа. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред сè поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.

Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6.000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки места.

За Република Северна Македонија, Охридското Езерото претставува значаен
– природен и
– економски ресурс

Со цел да се заштити Езерото од загадување и еутрофикација во областа на Охрид – Струга е изграден ПРИМАРЕН КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ кој ги собира отпадните води од соседните општини. Собраните отпадни води со 18 пумпи станици и 41км примарен Колектор се транспортираат до Пречистителната Станица во село Враништа каде се пречистуваат:
– механички и
– биолошки.
Пречистените води се испуштаат во реката Црн Дрим настрана од Езерото. Квалитетот на пречистената вода се испушта во реката според однапред задоволени одредени параметри.

Функционирањето на Колекторскиот систем во целост зависи од техничко технолошката состојба на опремата и објектите, неопходно е да има исправна работна погонска спремност како и резервната погонска спремност.

Изминатиот период (со години наназад) техничката состојба на опремата и објектите е доведена во критична состојба. Но, во тек на 2018 година и 2019 година направени се интервентни, исклучително сериозни зафати за санирање на опремата во пумпните станици и во ПС Враништа што во најмала рака се спречи застој во функционирањето на Колекторскиот Систем.

Формирањето на новиот правен субјект ЈП Колекторски Систем – Скопје и со отпочнувањето во Ноември 2019 година на реализација на проектот – Санација на Колекторскиот систем, дава за право да се потврди дека најпосле започнува сериозно да се води активност за заштита на Охридското Езеро од урбани отпадни води.

ПРОЕКТИ

LUXURY BUILDINGS

Architecture,

LUXURY BUILDINGS

Building, Office, Workspace,

LUXURY BUILDINGS

Architecture, Garden, Interior,

LUXURY BUILDINGS

Building, Interior, Workspace,

LUXURY BUILDINGS

Architecture, Garden, Office,

ФОТОГАЛЕРИJA

  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image
  • image

СООПШТЕНИЈА

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

ЈП Колекторски систем – Скопје

Факти!

1100
ПРОЈЕКТИ
60000
ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
63
ВРАБОТЕНИ

Демант - Известување до јавноста

Почитувани,

Во врска со изнесените непроверени информации, шпекулации и дезинформации од страна на  опозицијата во Општина Охрид и објавите на нивниот ФБ профил, ЈП Колекторски систем ги негира сите нивни  шпекулации и невистинити информации во врска со менаџирањето, работењето на нашето претпријатие, како и функционирањето на препупмните станици долж Охридското Езеро.

 

Основна цел на постоењето и функционирањето на колекторскиот систем е заштита на животната средина и нашето природно богатство Охридското Езеро. Располагаме со препумпни станици за преземање и одведување на отпадни води и пречистителна станица Ложани каде се врши механички и биолошки третман на отпадните води и истите пречистени се испуштаат во реципиент - реката Црни Дрим. При обилни врнежи  истите се активираат за преземање на дел од атмосферските води.

Пумпите се набавени во текот на 2019 година од страна на Општина Охрид, и истите се монтирани за време на раководењето на тогашниот директор Владимир Алексијоски, да послужат  за заштита од поплавување на домовите на Охриѓани со напомена дека Колекторскиот систем е димензиониран за одведување на фекални води, а не за атмосферски води кои за време на дождовна сезона се обилни. Сите забелешки во врска со поставувањето и фунционирањето на пумпите би требало да се постават и отворат во тој период.

 

Во тој контекст со работењето на предходното раководство и нивното неуспешно менаџирање во прашање беа ставени истите, исто така и претпријатието се соочуваше со постојани негативни Биланси на добивка и Биланси на успех односно константни негативни финансиски резултати. Согласно непрофесионалноста во работењето произлегоа и соодветните кривични пријави на предходното раководство.

 

За разлика од горенаведеното ЈП Колекторски систем за прв пат во 2024 година остварува позитивен резултат во работењето односно добивка, следува редовно подмирување на наследените обврски од поранешното претпријатие МЈП Проаква, во тек на 2024 и 2025 година наменети се  средства за подмирување на дел од извршните исправи кои ја блокираа матичната жиро сметка и обезбедување на средства за редовно подмирување на обврските за потрошената електрична енергија од предходните години.

Исто така Ве известуваме дека се врши редовно   сервисирање на пумпните станици за нивно беспрекорно работење и остварување на заедничката цел на двете општини Охрид и Струга.

 

Од тие причини ЈП Колекторски систем – подружница Охрид ги повикува креаторите на неадекватните вести пред изнесување на било какви информации истите да се проверуваат, а не паушално да се изнесуваат во јавност, со што граѓаните се доведуваат до заблуда.

 

За сите подетални информации и податоци нашите служби Ви стојат на располагање.

 

Со почит,

 

ЈП Колекторски систем Скопје

Подружница Охрид

 


This will close in 60 seconds