Активности на техничкиот сектор

Активностите на техничкиот сектор се остваруваат со работните одделенија и тоа:

  • Одделение за технологија на употребени води,
  • Одделение за одржување на хидромеханичка опрема,
  • Одделение за одржување на електротехничка опрема и мерни инструменти и
  • Одделение за одржување на градежни објекти

Одделение за технологија на употребени води

Работните задачи и одговорностите на ова одделение воглавно се изведуваат на ПС Враништа, и тоа се:

  • Контрола на сите фази во процесот на пречистување: со визуелна контрола неколку пати дневно, со обиколка на сите објекти и читање на податоци од мерните инструменти,
  • Земање мостри од влез и излез, биолошките и стабилизационите базени,
  • Лабoраториски анализи на земените мостри од влез и излез при што се одредуваат: боја, мирис, температура, киселост на проба (PH), електропроводливост, растворен кислород (mg/l), количество суспендирани материи, хемиска потрошувачка на кислород, биолошка потрошувачка на кислород (BPK5) и др.
  • Лабораториски анализи на земени мостри од биолошките и стабилизационите базени при што се одредуваат: температура, електропроводливост, киселост (PH), растворен кислород (mg/l), индекс на милта (ml/g), количество на мил (g/l),
  • Eвиденција на проток на пречистена вода ( читач на мерач на проток),
  • Давање на инструкции на другите одделенија за начинот на работа на инсталираната опрема , а во интерес на оптимално работење на станицата.

Од резултатите добиени со лабораториските анализи се констатира дека станицата работи со излезни параметри кои се помали од проектираните и со тоа ги исполнува условите за испуштање на третираните отпадни води.

 

 

Одделение за одржување на хидромеханичка опрема

Работните задачи и одговорности на ова одделение главно се изведуваат на ПС Враништа, и тоа се:

  • Секојдневно визуелно прегледување на хидромеханичката опрема која е во погон и опфаќа: начин на работа на опремата, мерење на работна температура, проверка на состојба на ниво на масло за подмачкување, евидентирање на одредени недостатоци ( потрошност на каишеви, еластични гуми, звукови на тропкање и др.)
  • Дотур на мазиво за подмачкување на лежаите од полжните пумпи,
  • Отклонување на застои на потопната центрифугална пумпа поради запушувања ,
  • Демонтажа на горни лежај поради дефект и монтажа на сервисиран лежај,
  • Демонтажа на долни лежај поради дефект и монтажа на сервисиран лежај,
  • Демонтажа на редуктори поради дефекти и монтажа на сервисираните,
  • Тековни поправки на фините решетки и тракастата бесконечна лента,
  • Секојдневно оперирање и ракување со дувалките ( компресорите), решетките, мамут пумпата во аеро песокфаќач, силосот за песок.

 

 

Одделение за одржување на елекротехничка опрема и мерни инструменти

Работните задачи се изведуваат во ПС Враништа и во Пумпните станици:

  • Секојдневно визуелно прегледување на електротехничката опрема која е во погон и опфаќа: начин на работа , загреаност на електромоторите,
  • Отклонување електродефект на инсталација на фините решетки,
  • Носење на винкловање на електромотори,
  • Преглед на трафостаница и др.

 

 

 

Одделение за одржување на градежни објекти

Работните активности на ова одделение се:

  • Преглед на градежните објекти и евидентирање на потребните поправки
  • Поправки на огради
  • Хортикултурно уредување на дворните места на ПС Враништа и Пумпните станици.

Функционирањето на Колекторскиот систем во целост зависи од адекватно одржување  на техничката опремата и објектите.

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Демант - Известување до јавноста

Почитувани,

Во врска со изнесените непроверени информации, шпекулации и дезинформации од страна на  опозицијата во Општина Охрид и објавите на нивниот ФБ профил, ЈП Колекторски систем ги негира сите нивни  шпекулации и невистинити информации во врска со менаџирањето, работењето на нашето претпријатие, како и функционирањето на препупмните станици долж Охридското Езеро.

 

Основна цел на постоењето и функционирањето на колекторскиот систем е заштита на животната средина и нашето природно богатство Охридското Езеро. Располагаме со препумпни станици за преземање и одведување на отпадни води и пречистителна станица Ложани каде се врши механички и биолошки третман на отпадните води и истите пречистени се испуштаат во реципиент - реката Црни Дрим. При обилни врнежи  истите се активираат за преземање на дел од атмосферските води.

Пумпите се набавени во текот на 2019 година од страна на Општина Охрид, и истите се монтирани за време на раководењето на тогашниот директор Владимир Алексијоски, да послужат  за заштита од поплавување на домовите на Охриѓани со напомена дека Колекторскиот систем е димензиониран за одведување на фекални води, а не за атмосферски води кои за време на дождовна сезона се обилни. Сите забелешки во врска со поставувањето и фунционирањето на пумпите би требало да се постават и отворат во тој период.

 

Во тој контекст со работењето на предходното раководство и нивното неуспешно менаџирање во прашање беа ставени истите, исто така и претпријатието се соочуваше со постојани негативни Биланси на добивка и Биланси на успех односно константни негативни финансиски резултати. Согласно непрофесионалноста во работењето произлегоа и соодветните кривични пријави на предходното раководство.

 

За разлика од горенаведеното ЈП Колекторски систем за прв пат во 2024 година остварува позитивен резултат во работењето односно добивка, следува редовно подмирување на наследените обврски од поранешното претпријатие МЈП Проаква, во тек на 2024 и 2025 година наменети се  средства за подмирување на дел од извршните исправи кои ја блокираа матичната жиро сметка и обезбедување на средства за редовно подмирување на обврските за потрошената електрична енергија од предходните години.

Исто така Ве известуваме дека се врши редовно   сервисирање на пумпните станици за нивно беспрекорно работење и остварување на заедничката цел на двете општини Охрид и Струга.

 

Од тие причини ЈП Колекторски систем – подружница Охрид ги повикува креаторите на неадекватните вести пред изнесување на било какви информации истите да се проверуваат, а не паушално да се изнесуваат во јавност, со што граѓаните се доведуваат до заблуда.

 

За сите подетални информации и податоци нашите служби Ви стојат на располагање.

 

Со почит,

 

ЈП Колекторски систем Скопје

Подружница Охрид

 


This will close in 60 seconds