ЗА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Работна единица Колектор се до 23 декември 2019 година е конститутивен дел на МЈП Проаква кога се конституира во нов правен субјект ЈП Колекторски Систем – Скопје. Дејноста односно активностите се состојат во прием на урбани води од канализациониот систем на Охрид и канализациониот систем на Струга , транспорт на урбаните отпадни води со примарниот колектор и пумпните станици до Станицата за Пречистување на отпадните урбани води во с.Враништа, пречистување на отпадните води (механичко и биолошко) и испуштање на пречистената вода во реципиентот односно реката Црни Дрим.

ЈП Колекторски систем својата техничко технолошка дејност ја обавува со следните објекти

– Примарен Колектор ( цевковод),

– Пумпни (црпни) станици,

– Станица за Пречистување на урбани отпадни води.

Примарен Колектор ( цевководот)

Примарниот Колектор ги прифаќа отпадните води од канализационите системи на регионот и ги доведува до ПС Враништа. Вкупната должина е околу 41 километар. Цевките каде што има гравитационо течење се со пречник од 300 мм до 1200 мм, а на деловите каде што има течење под притисок пречникот на цевките е од 150 мм до 200 мм.

По должината на Примарниот Колектор се изградени и функционираат следните пумпни станици:

На источниот колектор се:

– ПС Круша, ПС Елешец, ПС Метропол, ПС Гранит, ПС Орце Николов, ПС Охрид 1, ПС Охрид 2, ПС Даљан, ПС Подмоље, ПС Сатеска.

На западниот Колектор се:

– ПС Елен Камен, ПС Калишта, ПС Сервисна зона.

На магистралниот Колектор се:

– ПС Струга 3.

Станица за пречистување на урбани отпадни води

Пречистителната станица  Враништа обезбедува механичко и биолошко пречистување на отпадните води.

Блокот за механичко пречистување се состои од следните објекти:

– Влезна пумпна станица,

– Зграда за решетки,

– Аеро песокфаќач,

Блокот за биолошко пречистување се состои од следните објекти:

– Биолошки базени 2,

– Секударни (накнадниа) таложници 2,

– Пумпна станица за рециркулација на милта,

– Стабилизациони базени за милта 2.

Останати објекти во функција на работата на ПС Враништа

– Згуснувач на милта,

– Преса за дехидрирање на милта,

– Полиња за сушење на милта,

– Мерач на проток на пречистена вода,

– Хлорна станица,

– Командна зграда,

– Лабораторија,

– Работилница и

– Трафостаница.

Капацитетот на ПС Враништа е за 120 000 еквивалентни жители, односно за хидраулично оптеретување од 40 000 м3/ден.

Квалитетот на пречистената вода која се испушта во реката Црни Дрим  ( при минимален проток од 5 м3/сек)  треба да ги задоволи следните параметри:

  • Биолошка потрошувачка на кислород (БПК5) да биде < или  = на 25мг-О2/лит.
  • Суспендирани материи < или  = на 30 мг/лит.
  • PH фактор од 6,5 до 8,5

НАШИОТ ТИМ

Tommy Atkins

Electricians

Sarah Spence

Construction Assistant

John Halpern

Construction Manager

Richard Wagner

Civil Engineer

John Joe

Junior Architect

Tommy Atkins

Electricians

Демант - Известување до јавноста

Почитувани,

Во врска со изнесените непроверени информации, шпекулации и дезинформации од страна на  опозицијата во Општина Охрид и објавите на нивниот ФБ профил, ЈП Колекторски систем ги негира сите нивни  шпекулации и невистинити информации во врска со менаџирањето, работењето на нашето претпријатие, како и функционирањето на препупмните станици долж Охридското Езеро.

 

Основна цел на постоењето и функционирањето на колекторскиот систем е заштита на животната средина и нашето природно богатство Охридското Езеро. Располагаме со препумпни станици за преземање и одведување на отпадни води и пречистителна станица Ложани каде се врши механички и биолошки третман на отпадните води и истите пречистени се испуштаат во реципиент - реката Црни Дрим. При обилни врнежи  истите се активираат за преземање на дел од атмосферските води.

Пумпите се набавени во текот на 2019 година од страна на Општина Охрид, и истите се монтирани за време на раководењето на тогашниот директор Владимир Алексијоски, да послужат  за заштита од поплавување на домовите на Охриѓани со напомена дека Колекторскиот систем е димензиониран за одведување на фекални води, а не за атмосферски води кои за време на дождовна сезона се обилни. Сите забелешки во врска со поставувањето и фунционирањето на пумпите би требало да се постават и отворат во тој период.

 

Во тој контекст со работењето на предходното раководство и нивното неуспешно менаџирање во прашање беа ставени истите, исто така и претпријатието се соочуваше со постојани негативни Биланси на добивка и Биланси на успех односно константни негативни финансиски резултати. Согласно непрофесионалноста во работењето произлегоа и соодветните кривични пријави на предходното раководство.

 

За разлика од горенаведеното ЈП Колекторски систем за прв пат во 2024 година остварува позитивен резултат во работењето односно добивка, следува редовно подмирување на наследените обврски од поранешното претпријатие МЈП Проаква, во тек на 2024 и 2025 година наменети се  средства за подмирување на дел од извршните исправи кои ја блокираа матичната жиро сметка и обезбедување на средства за редовно подмирување на обврските за потрошената електрична енергија од предходните години.

Исто така Ве известуваме дека се врши редовно   сервисирање на пумпните станици за нивно беспрекорно работење и остварување на заедничката цел на двете општини Охрид и Струга.

 

Од тие причини ЈП Колекторски систем – подружница Охрид ги повикува креаторите на неадекватните вести пред изнесување на било какви информации истите да се проверуваат, а не паушално да се изнесуваат во јавност, со што граѓаните се доведуваат до заблуда.

 

За сите подетални информации и податоци нашите служби Ви стојат на располагање.

 

Со почит,

 

ЈП Колекторски систем Скопје

Подружница Охрид

 


This will close in 60 seconds