Станицата за третман на отпадните води се наоѓа на околу 4 км од градот Струга (помеѓу селата Враништа и Ложани) и е изградена во периодот од 1985.-87 година, а со редовна функција започна во јуни 1988 година.
ЈП Колекторски систем Охрид Ве известува дека на ПС Струга 3 во тек е санирање на дефект , екипите се на терен и се очекува во тек на оваа недела заклучно со петок 20.03.2026 година истиот да биде саниран и да се продолжи со непречено функционирање .
Воедно Ве известуваме дека со текот на преземените активности за отстранување на дефектот , на улицата Кеј 8 ноември Струга можно е да се појави прелевање на вода во р.Црни Дрим.