Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Quisque nec erat erat. Integer blandit nulla quis fermentum hendrerit. Vestibulum eu libero volutpat, portas quam acc, tempus sem. Donec sodales quam id lorem lobortis, vitae.
Pellentesque habitant morbi tristique senectus et netus et malesuada fames ac turpis egestas. Quisque nec erat erat. Integer blandit nulla quis fermentum hendrerit.
Во врска со изнесените непроверени информации, шпекулации и дезинформации од страна на опозицијата во Општина Охрид и објавите на нивниот ФБ профил, ЈП Колекторски систем ги негира сите нивни шпекулации и невистинити информации во врска со менаџирањето, работењето на нашето претпријатие, како и функционирањето на препупмните станици долж Охридското Езеро.
Основна цел на постоењето и функционирањето на колекторскиот систем е заштита на животната средина и нашето природно богатство Охридското Езеро. Располагаме со препумпни станици за преземање и одведување на отпадни води и пречистителна станица Ложани каде се врши механички и биолошки третман на отпадните води и истите пречистени се испуштаат во реципиент - реката Црни Дрим. При обилни врнежи истите се активираат за преземање на дел од атмосферските води.
Пумпите се набавени во текот на 2019 година од страна на Општина Охрид, и истите се монтирани за време на раководењето на тогашниот директор Владимир Алексијоски, да послужат за заштита од поплавување на домовите на Охриѓани со напомена дека Колекторскиот систем е димензиониран за одведување на фекални води, а не за атмосферски води кои за време на дождовна сезона се обилни. Сите забелешки во врска со поставувањето и фунционирањето на пумпите би требало да се постават и отворат во тој период.
Во тој контекст со работењето на предходното раководство и нивното неуспешно менаџирање во прашање беа ставени истите, исто така и претпријатието се соочуваше со постојани негативни Биланси на добивка и Биланси на успех односно константни негативни финансиски резултати. Согласно непрофесионалноста во работењето произлегоа и соодветните кривични пријави на предходното раководство.
За разлика од горенаведеното ЈП Колекторски систем за прв пат во 2024 година остварува позитивен резултат во работењето односно добивка, следува редовно подмирување на наследените обврски од поранешното претпријатие МЈП Проаква, во тек на 2024 и 2025 година наменети се средства за подмирување на дел од извршните исправи кои ја блокираа матичната жиро сметка и обезбедување на средства за редовно подмирување на обврските за потрошената електрична енергија од предходните години.
Исто така Ве известуваме дека се врши редовно сервисирање на пумпните станици за нивно беспрекорно работење и остварување на заедничката цел на двете општини Охрид и Струга.
Од тие причини ЈП Колекторски систем – подружница Охрид ги повикува креаторите на неадекватните вести пред изнесување на било какви информации истите да се проверуваат, а не паушално да се изнесуваат во јавност, со што граѓаните се доведуваат до заблуда.
За сите подетални информации и податоци нашите служби Ви стојат на располагање.