Станицата за третман на отпадните води се наоѓа на околу 4 км од градот Струга (помеѓу селата Враништа и Ложани) и е изградена во периодот од 1985.-87 година, а со редовна функција започна во јуни 1988 година.
Почитувани,
ЈП Колекторски систем Охрид Ве известува дека на ден 08.06.2026 година од 08:30 час до 13:30 час поради планирани активности на ЕВН и прекин во снабдувањето со електрична енергија на ПС Струга 3, постои можност за привремено прелевање на вода во реката Црни Дрим.
Се преземаат сите неопходни мерки за минимизирање на евентуалните последици, а јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек на настаните.
Ви благодариме за разбирањето,