Активностите на техничкиот сектор се остваруваат со работните одделенија и тоа:
- Одделение за технологија на употребени води,
- Одделение за одржување на хидромеханичка опрема,
- Одделение за одржување на електротехничка опрема и мерни инструменти и
- Одделение за одржување на градежни објекти
Одделение за технологија на употребени води
Работните задачи и одговорностите на ова одделение воглавно се изведуваат на ПС Враништа, и тоа се:
- Контрола на сите фази во процесот на пречистување: со визуелна контрола неколку пати дневно, со обиколка на сите објекти и читање на податоци од мерните инструменти,
- Земање мостри од влез и излез, биолошките и стабилизационите базени,
- Лабoраториски анализи на земените мостри од влез и излез при што се одредуваат: боја, мирис, температура, киселост на проба (PH), електропроводливост, растворен кислород (mg/l), количество суспендирани материи, хемиска потрошувачка на кислород, биолошка потрошувачка на кислород (BPK5) и др.
- Лабораториски анализи на земени мостри од биолошките и стабилизационите базени при што се одредуваат: температура, електропроводливост, киселост (PH), растворен кислород (mg/l), индекс на милта (ml/g), количество на мил (g/l),
- Eвиденција на проток на пречистена вода ( читач на мерач на проток),
- Давање на инструкции на другите одделенија за начинот на работа на инсталираната опрема , а во интерес на оптимално работење на станицата.
Од резултатите добиени со лабораториските анализи се констатира дека станицата работи со излезни параметри кои се помали од проектираните и со тоа ги исполнува условите за испуштање на третираните отпадни води.
Одделение за одржување на хидромеханичка опрема
Работните задачи и одговорности на ова одделение главно се изведуваат на ПС Враништа, и тоа се:
- Секојдневно визуелно прегледување на хидромеханичката опрема која е во погон и опфаќа: начин на работа на опремата, мерење на работна температура, проверка на состојба на ниво на масло за подмачкување, евидентирање на одредени недостатоци ( потрошност на каишеви, еластични гуми, звукови на тропкање и др.)
- Дотур на мазиво за подмачкување на лежаите од полжните пумпи,
- Отклонување на застои на потопната центрифугална пумпа поради запушувања ,
- Демонтажа на горни лежај поради дефект и монтажа на сервисиран лежај,
- Демонтажа на долни лежај поради дефект и монтажа на сервисиран лежај,
- Демонтажа на редуктори поради дефекти и монтажа на сервисираните,
- Тековни поправки на фините решетки и тракастата бесконечна лента,
- Секојдневно оперирање и ракување со дувалките ( компресорите), решетките, мамут пумпата во аеро песокфаќач, силосот за песок.
Одделение за одржување на елекротехничка опрема и мерни инструменти
Работните задачи се изведуваат во ПС Враништа и во Пумпните станици:
- Секојдневно визуелно прегледување на електротехничката опрема која е во погон и опфаќа: начин на работа , загреаност на електромоторите,
- Отклонување електродефект на инсталација на фините решетки,
- Носење на винкловање на електромотори,
- Преглед на трафостаница и др.
Одделение за одржување на градежни објекти
Работните активности на ова одделение се:
- Преглед на градежните објекти и евидентирање на потребните поправки
- Поправки на огради
- Хортикултурно уредување на дворните места на ПС Враништа и Пумпните станици.
Функционирањето на Колекторскиот систем во целост зависи од адекватно одржување на техничката опремата и објектите.
I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.