ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Декември 20, 2019

Со пригодна свеченост денеска во Охрид беше означен почетокот на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во своето обраќање пред присутните истакна дека овој значаен проект започнува како резултат на конкретни подготовки, барање на најдобри решенија и финансиски срeдства за реализација.

 

– Овој сериозен зафат го преземаме затоа што несеопфатната реализација и негрижа за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини и реткости во неговото опкружување. Во наредните пет месеци ќе го поправиме тоа што со години беше запуштено од негрижа и недејствување. Охридското Езеро и заштитеното подрaчје опфатено со УНЕСКО се наша гордост и грижа за сите нас. Нашата намера е да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, истакна Заев.

 

Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми во својот говор пред присутните истакна дека со санацијата на Колекторскиот систем се исполнува една од најважните препораки на Комитетот за заштита на светско културно и природно наследство на УНЕСКО и значаен чекор во заложбите за зачувување на статусот на светско природно наследство кој го поседува овој регион.

Заштитата на Охридското Езеро мора да биде еден од врвните приоритети на нашето делување и затоа не смее да се дозволи никаков компромис. После долги години на отсуство на нашата земја во процесите и соработката со УНЕСКО, за помалку од една година Република Северна Македонија ја зајакна својата соработка на политичко ниво и се враќа на голема врата во процесите и соработката со УНЕСКО. Покрај членството во НАТО и отварањето на преговорите со ЕУ, УНЕСКО е третиот надворешно политички приоритет на Владата на Република Северна Македонија, истакна Адеми.

 

 

Директорот на Јавното претпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски рече дека ова е најзначајниот проект за заштита на нашето уникатно и скапоцено природно богатство и конечно се решеваат децениските проблеми со нефукционалноста на Колекторскиот систем и загадувањето на езерската вода, како и на целокупната животна средина во Охридско-струшкиот регион.

 

 

Активностите за санација на терен ќе ги врши фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија „Инд Еко“ од Ријека што работи на санација на системи за канализациски и системи за одвод на атмостферска вода.

– Санацијата ќе се врши со најсовремена технологија, со чистење на цевководот одвнатре без ископ на постојната мрежа. Ова е технологија која ние ја применуваме веќе 15 години, но ќе биде применета за прв пат во Република Северна Македонија. Предноста на оваа технологија е тоа што ќе ги изведуваме работните активности без оштетување на надземната и подземната инфраструктура. Активностите ќе треба да се извршуваат многу побрзо во споредба со активностите кои се потребни за класично ископување на цевките, објасни,Жељко Шмитран, директор на фирмата „Еко Тим“.

 

Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален, а ќе бидат репарирани и санирани 20 пумпни станици. Исто така во рамки на проектот е предвидено и чистење на секундарната канализациона мрежа во градовите Охрид и Струга.

СТАНИЦА ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ

Станицата за третман на отпадните води се наоѓа на околу 4 км од градот Струга (помеѓу селата Враништа и Ложани) и е изградена во периодот од 1985-87 година, а со редовна функција започна во јуни 1988 година. Станицата обезбедува механички и биолошки третман на отпадните води. За индустриските отпадни води задолжителен е предтретман пред испуштање на отпадните води во канализацијата.

Капацитетот на изградената станица е за 120.000 еквивалентни жители,а пречистената вода се испушта во реката Црни Дрим. Годишниот капацитет на станицата за пречистување е 12000000-15000000м3/год односно околу 40 000м3/ден.

Квалитетот на отпадните води кои доаѓаат во станицата и квалитетот на пречистената вода која се испушта во реципиентот се контролираат во сопствена лабараторија сместена во командната зграда. Резултатите од испитувањата во форма на извештај се доставуваат до Државниот инспекторат за животна средина.

РЕГИОНАЛЕН КАНАЛИ3АЦИОНЕН СИСТЕМ 3А 3АШТИТА НА ОХРИДСКОТО Е3ЕРО ОСНОВЕН КОНЦЕПТ

ohrid-1

-Дефинитивна Студија за Заштита на Охридското Езеро од отпадните води (фекални и индустриски), изработена за Македонскиот дел од Езерото во 1979 год.

– Физибилити Студија за Заштита на Охридското Езеро ( Македонски и Албански дел) изработена во рамките на Проектот за Заштита на Охридското Езеро во 1995, финансирана од Светската Банка

– Генерален План за Развој на Регионалниот Канализационен Систем до 2025 год. изработен во 2001 год.

ПРИМАРЕН КОЛЕКТОР СО ПУМПНИ СТАНИЦИ

2

Примарниот колектор ги прифаќа отпадните води од секундарните канализациони системи од регионот и ги доведува до станицата за третман на отпадните води. Изградениот дел од примарниот колектор (источен, западен и магистрален) е со должина од околу 37 км. Цевките се со пречник од 300мм до 1.200мм. Материјалот за цевките е армиран бетон, ПВЦ и полиетилен.

На изградениот дел од примарниот колектор изградени се 12 пумпни станици. Инсталираниот капацитет на пумпи во пумпните станици се движи од 30л/с до 2240 л/с.

Должина и профили на примарниот колектор меѓу пумпните станици.

П.Ст. Метропол – П.Ст.Гранит 1400m Ф 600 PVC
П.Ст. Гранит  П.Ст. Орце Николов – П.Ст.Охрид1 – 4550m Ф800 Арм.бет.
П.Ст. Охрид 1  П.Ст.Охрид2 – 1045m Ф1000Арм бет.
П.Ст. Охрид 2  П.Ст.Даљан  П.Ст.Подмоље – П.Ст.Сатеска – П.Ст. Струга 3 – Пр.Ст. Враништа. 18985 m Ф1200 Арм. бет

Вкупно Источна страна 25980м.
Западен колектор Елен Камен – Струга со 3 пумпни станици 9102м (По Проекот за Еколошка заштита на Охридското Езеро). Се вкупно 35082.

Шекеринска од Охрид: Зборот е збор, за Охридското Езеро вложивме и пари и енергија, го зачувуваме статусот во УНЕСКО

  09.07.2020 Охрид

 

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска беше во работна посета во Охрид каде што се сретна со одговорните за реставрацијата на колекторскиот систем и направи увид на моменталната ситуација.

„Денеска како претставник на нашата Влада го посетив ова претпријатие, кое што е веќе во државна сопственост и навистина сум позитивно и изненадена од добрите вести, кои што ги слушавме во континуитет, но сега можеме да кажеме дека сe е заокружено.

Сите граѓани на нашата држава зборуваат за Охридското Езеро, сите го сакаат, сите сакаат да го видат чисто и здраво, заштитено не само за УНЕСКО, туку заштитено и за нас.

И додека другите говорат за Охридското Езеро ние покажавме дека зборот е збор и дека за Охридското Езеро вложивме и пари и енергија и состојбите навистина се променија.

Задоволство ми е што санацијата на колекторскиот систем во целиот овој охридско-струшки регион е целосно завршена. Прашање, кое 11 години беше ставено под тепих и беше целосно заборавено. Цената за тоа ја плаќаше и Охрид и Струга и Охридското Езеро и сите граѓани и сите туристи.

Ние ја покажавме нашата решеност да го задржиме УНЕСКО статусот на Охрид, но покажавме и голема решеност навистина да вложуваме во заштитата на животната средина, заштита на она што е наше но и светско.

Затекнавме ситуација, пред неколку години, кога колекторскиот систем беше целосно запуштен и заборавен, бетонскиот цевковод долги години останал затнат, од 18 препумпни станици работеа само 2 до 3, целиот систем оставен беше полека да пропаѓа.

Како Влада можевме да се жалиме, да ги критикуваме претходниците, кои ништо не направиле и што дозволиле милиони евра, стотици милиони евра да отидат во стиропор, а не вложиле таму, каде што е нашето културно, природно богатство и убавина.

Меѓутоа, наместо да говориме ние решивме да дејствуваме. Од почетокот на нашиот мандат, Владата прво во целост ги покри долговите во износ од 7 милиони евра, навистина неверојатни 7 милиони евра кои што беа направени кон ЕВН. Целосно ги покривме.

Државата целосно ги презема гаранциите за неплатениот кредит во износ од 280 милиони денари, кој до вчера беше обврска на општините Охрид и Струга, сега државата го презеде на себе и обезбедивме дополнително, што беше многу важно, дополнителни 4,2 милиони евра, со кои сакавме да обезбедиме целосна санација на колекторскиот систем.

Денеска сме тука да кажеме дека оваа санација и спасување на Охридското Езеро е успешно реализирано и завршено.

Со санацијата ги отстранивме најкритичните точки, од кои секојдневно во водите на Охридското Езеро и во реката Црн Дрим се влеваа 8 илјади кубици, замислете, фекалии. Во езеро за кое велиме дека е наш и туристички и културен бисер.

Како што кажа директорот извршиле пречистување на три километри од оштетениот цевковод, со најнова технологија, без оштетување, без ископи и обезбедија буквално да се прекине праксата на загадување на езерото, која што траела 50 години. Не 5, не 5 месеци, 50 години.

Сега сите 18 препумпни станици се целосно репарирани. Вака изгледа кога се грижите за Охридското Езеро. Вака изгледа кога од зборови преминувате на дела. После 11 години говорење, неплатени сметки, неисчистени пумпи, блокиран систем, ние за само 2,5 години успеавме да ги преземеме обврските и да обезбедиме инвестиција, со која што го саниравме колекторскиот систем, кој беше, буквално рак-рана за целово ова подрачје.“
Истакна Шекеринска.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани корисници на колекторски услуги
Ве известуваме дека при плаќање на вашите сметки преку наведените жиро сметки од банки ЗАДОЛЖИТЕЛНО во цел на дознака од банкарскиот налог да се запише вашиот кориснички број и бројот на соодветната фактура, заради поефикасна сметководствена евиденција.
Со почит,
ЈП Колекторски систем


This will close in 20 seconds